Connect with us

Свет

Кол се надева дека Белорусија следниот месец ќе ослободи стотици политички затвореници

Американскиот специјален претставник во Минск, Џон Кол изјави дека се надева дека Белорусија ќе ослободи уште стотици затвореници.

Кол наведе дека дипломатските напори ја убедиле Белорусија да ослободи 800 политички затвореници во замена за ублажување на некои американски санкции кон Минск.

Тој најави дека следниот месец повторно ќе отпатува за Минск и оти се надева дека ќе издејствува ослободување на голем број политички затвореници.

Кол (79) минатата година беше именуван од американскиот претседател Доналд Трамп за специјален претставник. Тој за ослободување на политичките затвореници преговараше со белорускиот претседател Александар Лукашенко.