Connect with us

Свет

Русија ќе продолжи да ја снабдува нуклеарната централа „Запорожје“ со дизел гориво

Руската државна корпорација за нуклеарна енергија „Росатом“ денеска соопшти дека нејзин приоритет е да продолжи да ја снабдува нуклеарната централа „Запорожје“ со дизел гориво во отсуство на надворешен извор на електрична енергија, пренесуваат британските медуми.

Директорот на „Росатом“, Алексеј Лихачев, рече дека ситуацијата во нуклеарната централа „Запорожје“ е под целосна контрола, бидејќи работи на резервни дизел генератори. Сепак, тој предупреди дека ситуацијата не може да продолжи до бескај и ја нагласи потребата од обновување на надворешните далноводи.

Лихачев изрази надеж дека може да се договори локален прекин на огнот меѓу Русија и Украина за да се овозможи извршување на поправки на далноводот „Феросплавнаја-1“, кој ја снабдува централата