Останати спортови
Германија и Италија го одиграа најдолгиот сет во историјата
Во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство, актуелниот светски првак во одбојка Италија ја совлада Германија во четвртокот вечер со 3-2 во натпревар во кој двете репрезентации го одиграа најдолгиот сет во историјата на светската одбојка.
Пред 4.400 навивачи во салата „ПалаКалифиоре“ во Реџо Калабрија, воведниот сет траеше рекордни еден час и 29 минути, а го доби Германија со 66-64.
Претходниот рекорд за најдолг сет беше поставен на крајот на јуни оваа година кога Аргентина во рамки на Лигата на нации го доби првиот сет против домаќинот Полска во Гливице со 50-48 по 62 минути игра.
Европските селекции ги приврушуваат своите подготовки за настап на претстојното Европско првенство кое идниот месец ќе се одржи во Италија, Бугарија, Романија и Финска.
Македонската одбојкарска репрезентација ќе игра во групата Б против кодомаќинот Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел
август 28, 2026
