Тенис
Федерер верува дека Ѓоковиќ има шанса да го освои УС опен 2026
Дваесеткратниот шампион на Гренд слем, Швајцарецот Роџер Федерер, ги оцени шансите на Србинот Новак Ѓоковиќ да го освои Отвореното првенство на САД 2026.
– Мислам дека секогаш кога Новак игра на турнир, без разлика дали е Гренд слем или било кој друг, тој има шанса. Имам огромна почит кон него. Видов што е способен, не само еднаш, туку многу пати. Тој го направил тоа насекаде и на највисоко ниво. Секогаш мислам дека сè додека е на турнирот, има шанса, изјави Федерер за „Punto de Break“.
Отвореното првенство на САД 2026 ќе се одржи од 30 август до 13 септември.
Ѓоковиќ кој е петтопласиран на АТП ранг-листата, на УС опен ќе биде четврти носител.
Бранител на трофејот освоен минатата година е шпанскиот тенисер Карлос Алкараз од Шпанија.
август 25, 2026
