Фудбал
Умтити, се пензионира на 31 година

Поранешниот француски репрезентативец и фудбалер на Лион, Барселона, Лече и Лил, Самуел Умтити, се пензионираше на 31 година.
Неговиот последен клуб беше Лил, каде што играше од 2023 до 2025 година. Својот последен натпревар го одигра во јануари 2024 година во Купот на Франција за Лил, пред да го повреди коленото.
Во сезоната 2023/24, не постигна гол на 13 натпревари.
– По богата кариера полна со подеми и падови, дојде време да се збогувам. Дадов сè со страст и не се каам. Сакам да им се заблагодарам на сите клубови, нивните претседатели, тренери и играчи со кои имав можност да соработувам. И им благодарам на сите навивачи за вашата поддршка, напиша Умити на социјалните мрежи.
Тој го освои Купот на Франција (во сезоната 2011/12) и Суперкупот (2012) со Лион, а двапати стана и шампион во Ла Лига со Барселона (во сезоните 2017/18 и 2018/19), трипати го освои Купот на Франција (2016/17, 2017/18, 2020/21) и двапати Суперкупот (2016, 2018).
Со француската репрезентација, Умтити стана светски шампион во 2018 година и сребрен медалист на Евро 2016.
септември 17, 2025