Connect with us

Живот

Првиот дел од ракетата „Zhuque-3“ успешно слета на Земјата

Кинезите успешно го спуштија на копно првиот дел од ракетата за повеќекратна употреба „Zhuque-3“, лансирана денеска во утринските часови. Станува збор за второ успешно враќање на Земјата.

„При ова слетување за првпат беа употреби ногарки за приземјување, односно носачи кои се отвораат пред ракетниот степен да ја допре земјата, овозможувајќи му да се спушти и да застане во исправена положба, наведе кинеската агенција „Ксинхуа“.

Според неа, можноста за повторна употреба на ракетните компоненти е од големо значење за вселенската индустрија, бидејќи може значително да ги намали трошоците за лансирање.

Кина заедно со САД и Јапонија разви ракети за повеќекратна употреба со цел да ги намали трошоците за лансирање и да ја зајакне својата позиција на сè поконкурентниот глобален вселенски пазар.