Фудбал
Енрике по поразот во францускиот Суперкуп: Заслуживме повеќе
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, се осврна на поразот од Ленс со 1:0 синоќа во францускиот Суперкуп.
– Мислам дека заслуживме повеќе. Но, морам да им честитам на Ленс – тие победија и играа многу добро, со нивниот вообичаен интензитет… Одигравме многу добар натпревар, но ни недостасуваше среќа, рече шпанскиот тренер на прес-конференцијата по натпреварот.
Ленс го освои Францускиот Суперкуп за прв пат во клупската историја.
ПСЖ го загуби Францускиот Суперкуп по шести пат во својата историја. Со 14 трофеи, парижаните остануваат рекордери во ова натпреварување.
август 17, 2026
