Connect with us

Фудбал

Гакпо го напушта Ливерпул

Холандскиот репрезентативец и член на премиерлигашот Ливерпул Коди Гакпо е пред заминување од Енфилд. Според британските медиуми тој веќе ги договорил личните услови за премин од Ливерпул во Тотенхем. Гакпо наводно веќе ги информирал во Ливерпул дека сака трансфер

Сепак во целата ситуација клучниот збор го има Ливерпул, кој го има под договор играчот. Тотенхем според најавите е подготвен да плати меѓу 70 и 75 милиони евра. Но, прашањето е сумата што ќе ја одреди Ливерпул, особено што клубот сè уште го нема договорено Бредли Баркола на крилната позиција.

Инаку, менаџерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби на Гакпо смета како еден од клучните играчи во нападот на екипата.