Фудбал
Брозовиќ пред враќање во Серија А
Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ е пред враќање во европскиот фудбал односно во екипа од Серија А. Тој три сезони настапуваше за екипата на Ал Наср во Саудиска Арабија.
За 33-годишниот фудбалер интерес во моментов има од Јувентус и соработка брзо би можела да биде договорена особено што повторно тренер би му бил Лучијано Спалети. Под негова „палка“ Брозовиќ успешно настапуваше во дресот на милански Интер. За Интер Хрватот одигра 330 натпревари, а за репрезентацијата на Хрватска има забележано 99 натпревари.
Брозовиќ се надева на трансфер каде ќе игра уште на високо ниво и од таа причина ја одби понудата ова лето што ја имаше од Олимпијакос
август 15, 2026
