Connect with us

Свет

Зеленски го назначи Евгениј Хмара за нов министер за одбрана

Генерал-мајор Евгениј Хмара, началник на Безбедносната служба на Украина (СБУ), ќе биде привремен министер за одбрана наместо Михаил Федоров, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Го задолжив Евгениј Хмара да ја преземе функцијата министер, да ја продолжи реформата на одбранбениот сектор и да обезбеди Украина да ги постигне сите резултати што ги дискутиравме“, рече Зеленски на Телеграм.

Хмара стекна значајно, и во многу погледи невидено, искуство во спроведување на технолошките напади, рече Зеленски и додаде дека украинската одбрана треба да се посвети на ова за време на војната.

Ова назначување  треба да биде одобрено од украинскиот Парламент.

Хмара ја помина својата кариера во Безбедносната служба на Украина (СБУ). Тој стана генерал-мајор во 2024 година и ги предводеше специјалните сили „Алфа“, елитна контраразузнавачка единица на Украина.

Неговото назначување доаѓа по оставката на популарниот министер за одбрана Михајло Федоров, кој се повлекува како дел од реконструкцијата на украинската Влада.

Ad
Ad