Connect with us

Општини

Пожар во Охрид, гори борова шума во непосредна близина на населбата „Бараки“

Пожар попладнево избувна на падините на планината Петрино, во непосредна близина на охридската населба „Бараки“, во северниот дел на Охрид.

Веднаш по пријавата, на терен се упатени три екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид, кои интервенираат во обид да го локализираат огнот. Сепак, силниот ветер значително ја отежнува интервенцијата и придонесува пожарот брзо да се шири.

Надлежните работат на ангажирање дополнителни противпожарни екипи и ресурси за да се спречи понатамошното ширење на огнената стихија.

Засега не се познати причините за избувнувањето на пожарот. Официјална потврда ќе има по завршувањето на увидот, иако според досегашните искуства, најголем дел од ваквите пожари се последица на човечки фактор.

Ad
Ad