Сервисни информации
Нивото на водата во Охридското Езеро 14 сантиметри над просекот за јули
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,72 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Тоа е за 14 сантиметри над просекот за јули утврден на 693,58 метри надморска височина или 62 сантиметри над дозволениот минимум (693,10).
Температурата на водата е 23,5 степени Целзиусови и е идентично на месечниот просек.
јули 16, 2026


