Connect with us

Општини

Ќура: Грижата за културното наследство е зачувувње на препознатливиот лик на Струга

Во завршна фаза е реконструкцијата на објектот на Министерството за одбрана во Струга. Тоа беше констатирано при денешниот увид на министерот за култура и туризам во заминување Зоран Љутков, градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура и директорот на НУ Завод и Музеј – Охрид, Горан Патчев.

Објектот, изграден во 1934 година е еден од препознатливите објекти на градската архитектура и значајно културно наследство.

– Објектот, изграден во 1934 година, претставува заштитено културно добро кое сведочи за историјата и урбаниот развој на Струга. Со реконструкцијата на фасадата и кровот, се обезбедува негова долгорочна заштита и зачувување на автентичниот изглед. За реализација на проектот, Министерството за култура и туризам обезбеди средства во висина од 9.114.000 денари, а конзерваторско-реставраторските работи се во завршна фаза, соопшти Општина Струга.

Зачувувањето на културното наследство, според градоначалникот Ќура, е важен дел од развојот на Струга и смета дека таквите инвестиции не значат само обнова на објекти, туку и зачувување на идентитетот, историјата и препознатливиот лик на градот. 

Ad
Ad