Хроника
Кавадарчанец управувал автомобил за време на изречена забрана за возење, возилото му е одземено
С.Д. (49) од Кавадарци управувал автомобил за време на изречена забрана за возење па вчера во 17:00 часот во Валандово полициски службеници го лишиле од слобода, соопштија денеска од СВР Струмица.
Како што се наведува во соопштението при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал С.Д. и по преземени мерки било констатирано дека тој возилото го управувал за време на изречена забрана за управување со моторно возило.
Се додава дека е известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.
јули 14, 2026

