Connect with us

Архива

Бахреинската армија го обвинува Иран за систематско непријателство против цивилите

Бахреинската армија денеска го обвини Иран за гаѓање на цивили во „систематското непријателство“ откако Техеран соопшти дека извршил напади врз американски цели во оваа држава од Персискиот Залив, објавија француските медиуми.

Иран продолжува со своето систематско непријателство преку своите криминални ракетни и беспилотни напади насочени кон цивилите во кралството“, се наведува во соопштението на армијата, додавајќи дека утрово „пресретнала и спречила неколку воздушни напади“.

Ad
Ad