Connect with us

Свет

Руски дрон влегол на молдавска територија, паднал и експлодирал

Молдавското Министерство за одбрана денеска објави дека доцна синоќа руски дрон паднал во село во близина на границата со Украина и експлодирал.

Во инцидентот нема повредени.

Според податоците на молдавската армија, дронот се урнал во областа Копанка, на околу 30 километри од границата меѓу Молдавија и Украина.

Руски дрон од типот „Геран 2“ влегол во молдавскиот воздушен простор по нападот на Русија врз регионот Одеса во текот на ноќта, наведе Министерството за одбрана.

Молдавските власти го осудија инцидентот.

„Руската војна против Украина продолжува да ја загрозува Молдавија. Силно го осудуваме нарушувањето на нашиот воздушен простор од страна на руски дрон. Ваквите инциденти се неприфатливи“, изјави вицепремиерот на Молдавија, Михај Попшој, на социјалната мрежа Икс.

Ad
Ad