Свет
ЕУ има негативен природен прираст, но населението се зголемува поради мигрантите
На 1 јануари 2026 година во ЕУ живееле 452,0 милиони жители, што е за 706.000 повеќе од претходната година. Ова е петта година по ред да има раст на населението во ЕУ по падот во 2021 година за време на пандемијата на ковид-19.
Негативниот природен прираст во ЕУ (повеќе смртни случаи отколку раѓања), што трае од 2012 година, се компензира со позитивна нето-миграција, покажуваат податоците на Евростат.
На 1 јануари 2026 година населението на ЕУ беше за 8,0 милиони луѓе помногубројно отколку во 2016 година и за 16,0 милиони во споредба со 2006 година.
Во периодот од 1960 година, пак, населението на ЕУ се зголемило за 97,5 милиони, од 354,5 милиони на 452,0 милиони во 2026 година. Во исто време, стапката на раст на населението се забави. Во просек, населението се зголемуваше за 3,0 милиони луѓе годишно во 60-тите, а за 0,6 милиони по 2010 година
Најмногу жители во ЕУ има Германија – 83,5 милиони, а најмалку Малта – 600 илјади.
Петте најнаселени земји сочинуваа две третини од популацијата на ЕУ: Германија (18,5 % од населението на ЕУ), Франција (15,3 ), Италија (13,0 %), Шпанија (11,0 %) и Полска (8,0 %).
Помеѓу 1 јануари 2025 година и 1 јануари 2026 година населението се зголемило во 16 земји од ЕУ. Иако со најмал број жители, Малта бележи највисока стапка на раст (+24,1 на 1.000 луѓе), заедно со Кипар (+13,7) и Луксембург (+13,1). Најголемо опаѓање на населенеито, пак, има во Летонија (-8,3 на 1.000 луѓе), Естонија (-6,8) и Унгарија (-5,4).
јули 14, 2026


