Општини
По повод Петровден вечерна богослужба во храмот “Св. великомаченик Георгиј”
Во пресрет на празникот Петровден, вечерва во храмот „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани се одржи вечерна богослужба посветена на Светиот апостол Петар – еден од најревносните Христови ученици, столб на христијанската вера и небесен заштитник на градот.
На богослужбата, свештенството и многубројните православни верници упатуваат молитви за здравје и благосостојба на градот и неговите жители.
По богослужбата ќе се одржат традиционалната литија низ градските улици и кршењето на славскиот колач во Градскиот парк. Во вечерните часови ќе следува Духовната академија со настап на музичкиот состав „Портал“.
Општина Кочани ги поканува граѓаните да бидат дел од духовното и празничното одбележување на денот посветен на заштитникот на градот.
јули 12, 2026

