Хроника
Лишени од слобода 12 лица во Скопје, на Граничниот премин Табановце, Прилеп, Неготино и Дебар, кај нив при преглед е пронајдена дрога
Дванаесет лица се лишени од слобода во полициски акции на повеќе локации во земјава, откако при претрес кај нив е пронајдена дрога, соопшти МВР.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера на различни локации ги лишиле од слобода Г.С.(43), Т.Б.(28), Ч.З.(52), А.Н.(22) сите од Скопје В.С.(26), од Прилеп, К.С.(29) од Куманово и В.Т.(49) од Р.Србија затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и кафеава прашкаста материја.
На Граничниот премин Табановце вчера во 14:45 часот на влез во државата полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(21) од Швајцарија затоа што при извршен преглед на возило „ленд ровер“ со швајцарски национални ознаки во кое тој бил сопатник во неговиот ранец била пронајдена и одземена марихуана. Известен бил јавен обвинител и истиот бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера во 22:30 часот на ул„Александар Македонски” во Прилеп го лишиле од слобода Л.К.(23) од истиот град бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена прашкаста материја.
Полициски службеници од ОВР Неготино синоќа во 01:00 часот во Неготино го лишиле од слобода Б.М.(25) од истиот град, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
Полициски службеници од ОВР Неготино вчера во 19:20 часот во Неготино го лишиле од слобода В.Ч.(27) од истиот град. При преглед, тој проголтал бела грутчеста материја и по кратко исфрлил од устата дел од неа, по што бил пренесен во Итна медицинска помош Неготино за укажување лекарска помош. Известен бил јавен обвинител.
Во ОВР Дебар вчера во 19:15 часот е приведен В.К.(26) од истиот град. При контрола, полициските службеници го затекнале во моторно возило „голф“ со дебарски регистарски ознаки и притоа кај него пронашле марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
јули 12, 2026

