Свет
Пекинг го повика НАТО да се откаже од „менталитетот од Студената војна“ и да престане со „наративите за закана од Кина“
Официјален Пекинг денеска го повика НАТО да се откаже од она што го нарече „менталитет од Студената војна“ кон Кина, јави Анадолија.
– НАТО е регионална одбранбена Алијанса со јасно дефиниран опсег на мисијата и географски граници. Треба да престане да наоѓа вина кај Кина – изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг.
Мао истакна дека Кина „е сила за светски мир. Таа никогаш никого не загрозува, ниту пак, претставува некаков предизвик за евроатлантската безбедност“.
– НАТО треба да се откаже од застарениот менталитет од Студената војна, да го преиспита својот став кон Кина и да престане да го промовира наративот за таканаречената закана од Кина – додаде Мао.
Изјавата доаѓа откако генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одржа заедничка средба со високи претставници на четирите партнери на блокот од Азиско-Пацифичкиот Регион на маргините на самитот на НАТО во Турција оваа недела.
Јужнокорејскиот претседател Ли Џае Мјунг и министерот за надворешни работи Чо Хјун, јапонскиот министер за надворешни работи Тошимицу Мотеги и министерот за одбрана Шинџиро Коизуми, австралискиот министер за одбранбена индустрија Пат Конрој и министерот за одбрана на Нов Зеланд, Крис Пенк, присуствуваа на состанокот на НАТО „Индо-Пацифичка четворка“ (IP4), што се одржа во вторникот во турскиот главен град Анкара.
Иако не се членки на НАТО, Јужна Кореја, Австралија, Нов Зеланд и Јапонија се поканети на годишните самити на Алијансата како гости уште од 2022 година.
јули 9, 2026


