Connect with us

Свет

Во Германија повеќе од 5.000 смртни случаи поврзани со горештините за време на јунскиот топлотен бран

Околу 5.100 луѓе починаа во Германија од причини поврзани со горештините за време на топлотниот бран во јуни, покажуваат проценките на Институтот „Роберт Кох“.

Како што пренесе ДПА, државниот институт за јавно здравје на Германија ја објави оваа проценка во денешниот најнов неделен извештај за смртноста поврзана со високите температури.

Германија се соочи со неколкудневни рекордно високи температури на крајот на јуни, кои во одредени делови од земјата надминаа 40 Целзиусови степени.

Екстремните временски услови беа поврзани и со оштетувања на инфраструктурата. Искривувањето на патниот асфалт доведе до привремено затворање на некои автопатишта, додека железничкиот сообраќај во одредени области беше во прекин поради дефекти предизвикани од горештините

Ad
Ad