Општини
Осветени црковниот крст и камбанаријата на храмот „Свето Преображение“ во Кочани
Денеска во храмот „Свето Преображение“ во Кочани е извршен чинот на осветување на новопоставениот црковен крст и камбанаријата.
Светиот чин на осветувањето го извршија свештеници од Кочанското архиерејско намесништво, во присуство на верници кои ја споделија духовната радост од овој, за православните верници, значаен настан.
Од храмот истакнуваат дека осветувањето на крстот и камбанаријата претставува важен чекор во уредувањето на светилиштето и духовниот живот на парохијата.
јули 9, 2026

