Connect with us

Свет

Маја Санду го назначи Евгениу Осмоческу за вршител на должноста премиер на Молдавија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, денеска го потпиша указот со кој го назначи Евгениу Осмоческу за вршител на должноста премиер на земјата.

Осмочеку ќе ги извршува должностите на прв човек на владата од 8 јули 2026 година, до формирање на нов кабинет, објави МОЛДПРЕС.

Според молдавскиот закон, Осмоческу ќе ја води владата за време на транзицискиот период, откако доскорешниот премиер Александру Мунтеану поднесе оставка.

Оваа недела, шефот на државата ќе одржи консултации со парламентарните фракции за да номинира кандидат за функцијата премиер. Потоа номинираниот кандидат мора да му ја презентира на парламентот владината програма и списокот на идниот кабинет на министри за да добие гласање за доверба.

Партијата на социјалистите на Република Молдавија и партијата Национално алтернативно движење објавија дека нема да учествуваат во консултациите.

Кон крајот на минатата недела, премиерот Александру Мунтеану објави дека ја напушта функцијата по осум месеци на функцијата.

Според молдавскиот Устав, кога премиерот поднесува оставка, поднесува оставка и целата влада. Во исто време, Уставот предвидува дека во случај на оставка на премиерот, дотогашниот кабинет ги извршува само функциите на управување со јавните работи сè додека членовите на новата влада не положат заклетва.

Ad
Ad