Connect with us

Свет

Шпанија со рекордни 100 милиони туристи во 2026 година

Според Министерството за индустрија, енергетика и туризам, Шпанија годинава најверојатно ќе ја надмине бројката од 100 милиони странски посетители.

„Според статистиките, во 2025 година државата ја посетиле 96,8 милиони. Со тоа е постигнат нов рекорд, 3,2 отсто во споредба со лани. Шпанија е втора најпосетувана земја во светот по Франција. Државата оваа година очекува зголемена посетеност, особено поради конфликтите на Блискиот Исток“, информираа британските медиуми.

„Благодарение на туристите, економијата ќе се зголеми за 64 милијарди евра, во период од јуни до септември, што претставува раст од 10 отсто во споредба со 2025 година“, соопшти Шпанската влада

Според нивната статистика, од јуни до септември државата ќе ја посетат околу 43 милиони меѓународни туристи или за шест отсто повеќе од лани. По ова, Владата очекува продолжување на растот на туристи, а со тоа и драстично подобрување на економската состојба во државата.

Ad
Ad