Свет
Бунт во затвор во Шри Ланка, најмалку 25 мртви и околу 100 повредени
Најмалку 25 лица се убиени во немирите и судирите меѓу две групи осуденици и членови на безбедносната служба во затворот Негомбо, во Шри Ланка, а околу 100 лица се повредени, потврдија два неименувани локални полициски извори.
Повикувајќи се на овие извори, британските медиуми објавија дека меѓу загинатите се петмина припадници на безбедносните сили и 20 затвореници, како и дека во судирите се повредени најмалку 100 лица.
Повикувајќи се на порталот Ајланд, турската агенција Анадолу објави дека владата на Шри Ланка распоредила војници за да ја контролираат ситуацијата, додека полицијата отворила оган за време на бунтот во затворот Негомбо за да го контролира конфликтот меѓу затворениците и затворските чувари.
Со засилени безбедносни мерки, затворските власти истражуваат што го предизвикало конфликтот во затворот Негомбо, во кој се сместени 2.417 затвореници.
јули 7, 2026

