Connect with us

Скопје

Општина Карпош: Згрижувањето на децата во „Пролет“ се одвива редовно и организирано

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска оствари работна средба со директорката на градинката „Пролет“, на која се рзговараше за тековното фукционирање на градинката и условите за престој на децата во перидот додека се одвива изградбата на новиот објект, соопштуваат од локалната самоуправа.

– На денешната средба беше констатирано дека згрижувањето на децата од двата објекта се реазлизира редовно и организирано, при што се преземаат сите потребни мерки за обезбедување на безбеден и квалитетен престој на најмладите. Воедно, се разговараше и за тековните потреби на градинката, како и за активностите кои се преземаат за да се обезбеди непречено згрижување на децата до завршувањето на новиот објект на градинката – стои во соопштението.

Оттаму дополнуваат дека градежните работи на новиот објект се одвиваат со силен интензитет и согласно предвидената динамика, а со завршување на изградбата ќе се обезбедат значително подобри услови за згрижување на децата во функционален и современ објект кој ќе одговори на потребите на најмладите карпошани.

Ad
Ad