Connect with us

Свет

Во кинеското пристаниште Чингдао почнаа руско-кинеските вежби „Поморска интеракција 2026“

Руско-кинеските вежби „Поморска интеракција 2026“ почнаа утрово во кинеското пристаниште Чингдао на Тихиот Океан, а церемонијата на отворањето се одржа на територијата на поморската база на Народноослободителната армија на Кина.

Раководителот на вежбите од руска страна, контраадмирал Сергеј Синко, нагласи дека традиционалните вежби се од одбранбен карактер и дека не се насочени против трети земји. Командант на вежбата е контраадмирал Чиу Веншенг.

По церемонијата на отворањето, штабните офицери и командантите на бродовите од двете земји почнаа да разговараат за тактичките акции на море и за спроведувањето на спасувачките и други задачи.

Руската Пацифичка флота на вежбите ја претставуваат гардиската крстосувач „Варјаг“, корветата „Резкиј“, подморницата „Уфа“ и спасувачкиот брод „Игор Белоусов“.

Од кинеска страна во вежбите учествуваат разурнувачите „Аншан“ и „Кајфенг“, фрегатата „Вуху“, подморница од класата „Јуан“, транспортниот брод „Кекесилиху“ и спасувачкиот брод „Јангченгу“.

Руско-кинеската вежба „Поморска интеракција 2026“ се одржува на Жолтото Море од денеска до 13 јули. Морнарите на руската воена морнарица и на морнарицата на Народноослободителната армија на Кина, со поддршка на поморската авијација, ќе увежбуваат заеднички операции за спасување на море, како и противподморничко војување и противвоздушна одбрана, а ќе изведуваат и заеднички артилериски гаѓања.

Ad
Ad