Connect with us

Свет

Трамп повторно ја нападна Мелони на социјалните мрежи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно ја нападна италијанската премиерка Џорџа Мелони на социјалните мрежи, објавувајќи нејзина фотографија со коментар дека е „потребна забрана за приближување“.

За време на состанокот на Г7 во француското одморалиште Евијан минатиот месец, Трамп и Мелони беа фотографирани како разговараат, но Трамп по тој разговор во интервју за ТВ Ла 7 изјави дека премиерката на Италија го молела да се фотографираат.

Ме молеше да се сликам со неа, ми падна жал. Веројатно беше среќна затоа што разговарав со неа – рече тогаш Трамп, со што предизвика многу негативни коментари од Мелони и од други италијански функционери.

Потоа се огласи и Мелони, која му порача на Трамп дека неговите постојани, со ништо предизвикани напади се бесмислени, додавајќи дека на нејзината популарност во Италија сигурно не ѝ помогнало тоа што му е пријателка.

По повод најновиот напад на Трамп врз Мелони, прв се огласи лидерот на организацијата „Акција“ (Azione), Карло Календа. Тој на социјалните мрежи остро го критикуваше американскиот претседател и го нарече насилник.

Трамп е подол, ситен насилник. Целосна солидарност со премиерката – порача Календа во својата објава, пренесува агенцијата АНСА.

Ad
Ad