Connect with us

Општини

Прва „Freedom Run Trail“ рекреативна трка во Кочани

Кочани вчера беше домаќин на првото издание на спортско-рекреативната трка „Freedom Run Trail“, настан наменет за љубителите на природата, трчањето и на здравиот начин на живот.

Стартот на трката  и финишот беа на Споменикот на слободата во Кочани,  каде што се собраа  натпреварувачи и граѓани од цела Македонија. 

Организаторот Ненад Василев од Кочани истакна дека овој настан  има за цел да ги промовира спортот и рекреацијата, издржливоста и слободата и да поттикне дружење меѓу учесниците и посетителите. 

На трката учествуваа 280 натпреварувачи на различна возраст, кои трчаа по земјена патека од Споменикот на слободата во Кочани, по течението на Кочанска Река до браната Гратче.

По прогласувањето на најуспешните, се одржа забава со познати диџеи.

Настанот е организиран со поддршка од Општина Кочани, приватни компании и граѓани.

Ad
Ad