Connect with us

Хроника

Расчистено кривично дело „насилство врз дете“ во Скопје, следува кривична пријава

СВР Скопје целосно го расчисти случајот пријавен од страна на Н.П.Ц.(45) од Скопје, која вчера во 22:30 часот пријавила дека на 2 јули во 17:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, нејзината десет годишната ќерка била физички нападната од машко лице на возраст од околу 70 години, а од настанот беше објавен и видео материјал на социјалните мрежи.

Како што соопшти МВР веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и утврдено е дека напаѓачот е Д.Ј.(74) од Скопје и со него е извршен службен разговор во полициска станица, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Ad
Ad