Connect with us

Свет

Трамп и Петро разговараа за напорите на Колумбија да го сузбие одгледувањето на растението кока

Претседателот на Колумбија во заминување, Густаво Петро, и американскиот претседател Доналд Трамп денеска разговараа за напорите на Богота да го сузбие одгледувањето на растението кока, од кое се произведува кокаин, соопшти колумбиската влада.

Петро порача дека Колумбија ја исполнила претходно договорената цел за искоренување на околу 30.000 хектари површина засадена со кока, како и дека се очекува таа бројка до крајот на оваа година да достигне 41.000 хектари.

Соединетите Американски Држави минатиот октомври му воведоа санкции на Петро со образложение дека не успеал да ја намали трговијата со дрога. Петро побара од Трамп укинување на санкциите, а Трамп, според наводите на колумбиската влада, ветил дека „ќе даде сè од себе“ во врска со тоа прашање.