Connect with us

Архива

ИЦЕ за пет дена уапси 10.000 луѓе кои илегално влегле во САД

Американската Имиграциска и царинска служба (ИЦЕ) за пет дена приведе околу 10.000 луѓе за кои тврди дека илегално влегле во САД.

Акцијата е спроведена во повеќе сојузни држави, а според американските медиуми, се планира да се интензивира операцијата и да се приведуваат по најмалку 2.000 лица дневно.

Министерството за внатрешна безбедност на САД соопшти дека агенциите за спроведување на законот „го исполниле ветувањето на претседателот Доналд Трамп“ да апсат и депортираат „криминални нелегални странци“, вклучително и оние кои извршиле сериозни кривични дела.

Ad
Ad