Connect with us

Општини

Повредениот штрк од Чешиново згрижен во Центарот за животни во Ранковце

Повредениот штрк, за кој синоќа беше објавено дека е пронајден во Чешиново, е згрижен во Центарот за згрижување животни во Ранковце, информираа од Општина Чешиново-Облешево.

Откако бил пронајден од вработен во Општината, штркот веднаш бил пренесен во Ранковце, каде што денеска бил прегледан од ветеринар. Потоа, членовите на здружението „Наше Јато“ го предале на понатамошна грижа во Центарот со кој раководи Марија Дуда.

– Денес штркот беше прегледан од ветеринарен доктор, по што членовите на здружението „Наше Јато“ го предадоа на понатамошна грижа кај Марија Дуда во Ранковце, објави градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Јорданче Костадинов.

Од Општината упатија благодарност до Дуда за, како што наведуваат, брзата реакција и подготвеноста да го згрижи повредениот штрк, истакнувајќи дека нејзината посветеност претставува пример за грижа и хуманост кон животните.

Марија Дуда е позната и по тоа што се грижеше за штркот Силјан, кој е во фокусот на документарниот филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска.

Ad
Ad