Connect with us

Скопје

Општина Чаир: Отстранет киоскот „Али тобако“ кај на пешачкиот премин на Бит Пазар

Општина Чаир, во соработка со Град Скопје, реализираше акција за отстранување на конструкцијата на киоскот „Али тобако“, кој се наоѓаше во близина на пешачкиот премин во реонот на Бит Пазар и со години зафаќаше дел од тротоарот и јавниот простор – соопшти попладнево општинската прес-служба.

Со оваа интервенција, посочуваат од општината, јавниот простор повторно им се враќа на граѓаните, овозможувајќи побезбедно и понепречено движење на пешаците, како и подобра функционалност на просторот.

– Општина Чаир и во наредниот период ќе продолжи со слични активности на повеќе локации, со цел ослободување на јавните површини, унапредување на урбаниот ред и создавање пофункционална средина за граѓаните – се вели во соопштението

Ad
Ad