Connect with us

Свет

Бесант: Стравот од американски санкции ја блокира продажбата на иранска нафта

Министерот за финансии на САД, Скот Бесант денеска изјави дека повеќето земји сè уште не се подготвени да купуваат иранска нафта поради страв од можно повторно воведување на санкциите на САД, оценувајќи дека ова е дополнителен поттик за Техеран да започне преговори со Вашингтон.

Бесант во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека Иран досега не успеал да пласира нафта на пазарот, бидејќи купувачите се претпазливи во врска со ризикот од обновени санкции.

„Никој освен Кина, која веќе купуваше нафта кога санкциите беа на сила, не купил иранска нафта, па затоа таа сè уште се продава по намалена цена“, рече Бесант.

Ad
Ad