Свет
Парламентот на Литванија го избра Миндаугас Синкевичиус за нов премиер
Литванскиот парламент го избра лидерот на Социјалдемократската партија Миндаугас Синкевичус за нов премиер со мнозинство од 80 гласови „за“, наспроти двајца „против“ и 28 „воздржани“, објави ДПА.
Минатата недела, претседателот Гитанас Науседа го номинираше 42-годишниот Синкевичус за нов премиер, кој ќе ја наследи Инга Ругиниене, која е исто така претставник на Социјалдемократската партија, како дел од реформираната владејачка коалиција.
По официјалното назначување од Науседа, Синкевичус ќе треба да го претстави својот кабинет и својата програма за дополнително гласање во Парламентот.
Синкевичус кратко ја извршуваше функцијата министер за економија во 2016 година, па сè до 2017 година, а потоа беше градоначалник во општината Јонава во Централна Литванија. Во 2024 година беше прогласен за виновен за злоупотреба на општински средства и беше привремено отстранет од селската функција, но во март 2025 година Врховниот суд на Литванија конечно го ослободи од сите обвиненија.
Во своето обраќање пред Парламентот, новиот премиер вети стабилност и одговорно владеење. „Литванија поминува низ тешки времиња“, рече тој, имајќи ја предвид руската инвазија на Украина, која литванските лидери ја сметаат за директна закана за сопствената земја.
Литванија, која е членка на Европската Унија и НАТО, се граничи со руската енклава Калининград и рускиот сојузник Белорусија
јули 1, 2026

