Свет
Парламентот на Унгарија ги ограничи платите на градоначалниците и на претседателите на окружните совети
Унгарскиот парламент денеска усвои закон, предложен од владејачката партија Тиса, со кој се ограничуваат платите на градоначалниците и претседателите на окружните совети.
„За“ Законот гласаа 146 пратеници, а 51 се изјаснија „против“.
Според новите правила, сите градоначалници, вклучително и оние на главниот град Будимпешта и неговите окрузи, како и на претседателите на окружните совети, нема годишно, по автоматизам, да им се зголемуваат платите.
Законот, исто така, им го одзема правото на месечни надоместоци за трошоци и ја намалува платата на претседателите на окружните совети, кои досега нивните приходи беа четирипати поголеми од просечната плата во Унгарија. Со новиот Закон сега тие ќе земаат двапати поголема плата од просечната.
јули 1, 2026

