Connect with us

Свет

Во прекин меѓународната железничка линија Евростар поради пожар во Холандија

Меѓународната железничка линија Евростар кон и од Лондон ќе биде во прекин неколку дена откако на пругата помеѓу Ротердам и Цвајндрехт во Холандија денеска избувна пожар.

– Холандските служби работат на решавање на проблемот и не се очекува сообраќајот да се врати во нормала пред 3 јули – изјави портпаролот на Евростар.

Проблеми имаше и на услугите до Брисел и до Париз. Се очекува домашните железнички услуги помеѓу Ротердам и јужниот дел на Холандија да бидат прекинати барем до четврток вечерта.

Возовите на Евростар што ги поврзуваат Холандија и Велика Британија моментно сообраќаат само до Брисел. Компанијата соопшти дека на патниците што купиле билети за патување помеѓу Амстердам или Ротердам и Лондон ќе им бидат вратени парите.

Железничките линии помеѓу Холандија, Брисел и Париз се пренасочуваат преку Утрехт, што предизвикува доцнења до еден час. Компанијата ги советува патниците да ги одложат непотребните патувања до 3 јули. Исто така, соопшти дека оние што ќе одлучат да го откажат своето патување може да побараат враќање на парите, без дополнителни трошоци.

Ad
Ad