Фудбал
Сити и Челзи се договорија за Енцо
Манчестер сити е блиску до потпишување на договорот со Енцо Фернандез.
„Граѓаните“ постигнаа принципиелен договор со Челзи за трансфер на 25-годишниот играч од средниот ред, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.
Се очекува играчот да отпатува во Манчестер во текот на денот.
Минатата сезона, Фернандез постигна 10 гола и имаше четири асистенции во 36 натпревари од Премиер лигата.
септември 2, 2026
