Connect with us

Свет

Полска почнува со училишна програма за медиумска писменост и препознавање лажни вести

Полска почнува со програма за медиумска писменост, со цел да им помогне на учениците да препознаваат лажни вести, пропаганда, манипулации и тн. „дипфејкови“ создадени со вештачка интелигенција, објави Полската телевизија ТВП.

Програмата, финансирана главно од Министерството за култура, има за цел да ги научи учениците на возраст од 10 до 19 години како да ги проверуваат изворите и да препознаваат техники што се користат за манипулирање со медиумските наративи. Иницијативата ќе почне на 17 септември и ќе трае до 2028 година, а вкупно ќе чини околу 3 милиони евра.

– Проверката на изворите, препознавањето манипулации, разбирањето на контекстот и свесното ангажирање со медиумите стануваат основни вештини за функционирање во денешниот свет, изјави министерката за култура, Марта Ценковска, за полските медиуми.

Планираните активности вклучуваат предавања и проекции на филмови за дезинформации, како и практични работилници за манипулација со медиумите. Студентите, исто така, ќе учат за историјата на пропагандата и цензурата во полското кино.