Connect with us

Свет

Трамп го преиспитува ставот на САД за суверенитетот на Велика Британија врз Фокландските Острови

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ја преиспитува позицијата на САД во врска со суверенитетот на Велика Британија над Фолкландските Острови, британска прекуокеанска територија во Јужниот Атлантик.

Одговарајќи на прашања на новинарите во Овалната соба во Белата куќа за суверенитетот над островите Трамп рече дека „секогаш ја разгледува секоја позиција“, додавајќи дека тоа е „само една од многуте“, објавија британските медиуми.

Фолкландските Острови се прекуокеанска територија на Велика Британија, а нив ги бара и Аргентина, чиј претседател, Хавиер Милеј, е сојузник на Доналд Трамп.