Свет
На карневалот на карипската култура во Лондон приведени речиси 170 луѓе
Лондонската полиција приведе речиси 170 лица во текот на првите два дена од Афро-карипскиот карневал, што се одржува во областа Нотинг Хил. „Сто шеесет и девет приведувања се извршени за кривични дела, вклучувајќи поседување дрога, поседување оружје, напад (вклучувајќи напад врз персоналот на службите за итни случаи) и сексуални престапи“, се вели во соопштението на Скотланд Јард.
Полицијата ја опиша атмосферата како „претежно позитивна“ и покрај тоа што во неделата беа извршени 169 апсења, јави Скај њуз.
Полицијата соопшти дека повеќе од 7.000 полицајци ќе бидат распоредени во западен Лондон за време на викендот и забележа дека во 2025 година, 528 апсења се извршени во текот на двата главни дена од карневалот, додека во 2024 година имало осум напади со нож, вклучувајќи го и убиството на 32-годишната мајка Шер Максимин.
Прославата на карипската култура, која оваа година одбележува 60-годишнина, вклучува паради, музика во живо, улична храна и бини со озвучување.
Организаторите на Карипскиот карневал во лондонскиот кварт Нотинг Хил, најголемата улична забава во Европа, очекуваат повеќе од еден милион посетители за време на тридневниот настан, што почна во саботата и завршува денеска, објавија британските медиуми.
септември 1, 2026
