Connect with us

Фудбал

ПСЖ загуби од Ленс во Суперкупот на Франција

Екипата на Ленс го освои Суперкупот на Франција, откако синоќа на домашен терен го победи Пари Сен-Жермен со 1:0.

Единствениот гол го постигна Флоријан Товен во 32. минута.

ПСЖ играше со предност од еден играч речиси половина од натпреварот, кога дефанзивецот на Ленс, Килијан Антонио, доби црвен картон во 39. минута. Во финишот црвен картон доби и Нуно Мендеш од ПСЖ.

Ленс го освои Суперкупот на Франција за прв пат во клупската историја. Тимот претходно го загуби единствениот натпревар кога играше за трофејот во 1998 година. 

ПСЖ го загуби Суперкупот на Франција по шести пат во својата историја. Со 14 трофеи, Парижаните остануваат рекордери во ова натпреварување.