Connect with us

Фудбал

Рејндерс заминува од Манчестер Сити

По само една година мината во англискиот фудбал и во Манчестер Сити, холандскиот фудбалер Тиџани Рејндерс ќе ја напушти екипата. Тој би требало во следните неколку дена да потпише договор со саудискиот клуб Ал-Кадшија.

Според англиските медиуми „граѓаните“ ја прифатиле понудата на клубот од Саудиска Арабија од 60,8 милиони евра, а претходното лето го купија играчот од Милан за 54,4 милиони евра.

Ако се реализира трансферот тој треба да биде на располагање на Брендан Роџерс, кој во текот на зимските месеци ја презеде екипата на Ал-Кадшија.

Рејндерс беше стартер на дуелите на Холандија на Светско првенство, а за Манчестер Сити одигра 47 натпревари во сезоната.

Неговото и евентуалното заминување на Родри во Барселона, ќе значат дека Манчестер Сити „со сите сили“ ќе тргне по играчот на Челзи, Енцо Фернандез.