Фудбал
Поранешен фудбалер на Ливерпул е цел на Арсенал
Англискиот репрезентативец и член на бундеслигашот Баер Леверкузен Џарел Кванса е потенцијално засилување за првакот на Премиер лигата Арсенал. Според англиските медиуми Арсенал планира да донесе засилување во одбраната, а притоа играчот да има искуство со настап во Премиер лигата.
Лондонскиот клуб има проблеми со повредените фудбалери Вилијам Салиба и Јирген Тимбер. 23-годишниот Кванса имаше одлична сезона во Баер Леверкузен, откако не успеа да обезбеди место во тимот на поранешниот менаџер на Ливерпул, Арне Слот. Германскиот тим се очекува да побара 50 милиони евра за трансфер.
Во дресот на Ливерпул Кванса доби шанса кај Јирген Клоп и Кванса одигра 30 натпревари постигнувајќи два гола, а за репрезентацијата на Англија има одиграно шест натпревари.
Во договорот меѓу Баер Леверкузен и Ливерпул, постои и опција за враќање на фудбалерот на Енфилд.
август 15, 2026
