Connect with us

Технологија

Кинеска компанија создаде уред за брзо детектирање и уништување на комарците

Кинеската компанија „Фотон матрикс“ (Photon Matrix) создаде ласерски уред кој ги детектира и убива комарците. Системот е комбинација од „ЛИДАР“ (LiDAR) сензори, ВИ технологија и напредни алгоритми за обработка на сигнали. На овој начин тој може да го препознае комарецот и веднаш да го убие.

Системот располага со повеќе заштитни механизми, а ласерското зрачење автоматски се исклучува доколку наиде на човек. Комарците можат да бидат детектирани на растојание до шест метри, за само три милисекунди. Може да се користи во затворени простории, во дворови, при кампување, како и за други активности на отворено.

Уредот веќе се користи во регион Ксинџијанг, со процени за глобална распродажба во иднина. Со развојот на вакви системи базирани на ВИ, традиционалните методи за заштита од комарци би можеле постепено да исчезнат.