Connect with us

Сервисни информации

Водата во Скопје е безбедна за пиење и со добар квалитет

Согласно добиените резултати од денешните испитувања, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Од јавното претпријатие информираа за дневните мониторинг – активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

– Во текот на денот од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје земени се 39 примероци од водоводната мрежа на град Скопје од кои два примероци се од бунарскиот потег Нерези – појаснија од јавното претпријатие.

Оттаму потсетија дека на сите примероци им се изработува физичко-хемиска и микробиолошка анализа согласно Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење во акредитираните лаборатории при секторот Санитарна контрола

Ad
Ad