Општини
Пожар во кочанската населба Трајаново Трло, интервенирале екипи на ТППЕ и ДПД Кочани со неколку возила
Пожар избувна денеска околу 11 часот во населбата Трајаново Трло во Кочани, откако била запалена мини депонија со кабли за различна намена, кај локацијата позната како Дивите градби – м.в. Антена.
Огнот неконтролирано и брзо се проширил до првите куќи во населбата на едната страна и на другата страна до самиот двор на ТППЕ. Горела сува трева и нискостеблеста шума.
На терен веднаш интервенираа екипи на ТППЕ и ДПД Кочани, со неколку возила и десетина пожарникари.
Според информацијата за МИА од Драган Апостолов, командир на кочанската ТППЕ, состојбата е ставена под контрола, огнот е изгаснат.
Случајот ќе биде пријавен во ОВР Кочани и кај инспектор по пожари за да се утврди како дошло до избувнување на огнот и што го предизвикало.
јули 15, 2026


