Connect with us

Скопје

Општина Карпош и Avant Car започнуваат проект за споделување електрични автомобили

Општина Карпош направи нов чекор кон развој на одржлива урбана мобилност, откако градоначалникот Сотир Лукровски потпиша меморандум за соработка со компанијата Avant Car, за реализација на проект, поточно за давање услуга со воведување и имплементација на Систем за дистрибуција на електрични автомобили.

Согласно своите надлежности, Општина Карпош ќе ја разгледа можноста за изнаоѓање на паркинг места и локации за поставување на електрични полначи, кои ќе бидат во функција на проектот.

Како дел од соработката и промоцијата на проектот „Car Sharing“, фирмата Avant Car даде на користење едно електрично возило за потребите на Општина Карпош.

Потпишувањето на Меморандумот, како што информираат од Општина Карпош, меѓу другото значи дека двете страни се залагаат за подобар квалитет на амбиенталниот воздух, намалување на автомобилскиот метеж и подобро користење на јавниот превоз.

Ad
Ad