Connect with us

Општини

Амбасадорката на Кина, Сјаојан во посета на Општина Маврово и Ростуше

Амбасадорката на Народна Република Кина, Џаинг Сјаојан, денеска беше во посета на Општина Маврово и Ростуше, при што најпрво имаше средба со градоначалникот Онер Јакупоски. 

– Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, отворајќи нови перспективи за развој и поврзување. Главен фокус на разговорите беше ставен на огромните туристички капацитети со кои располага Мавровско-Реканскиот крај – информираше Фикрет Ибраими, одговорен на секторот за односи со јавноста. 

Додаде дека за време на средбата детално беа презентирани природните убавини, уникатните предели и сите можности за алтернативен, зимски и летен туризам кои ги нуди самата општина како една од најатрактивните дестинации во регионот. 

Паралелно со туризмот, градоначалникот се осврнал и на богатите културни и традиционални вредности по кои е препознатливо локалното население.  

– Градоначалникот Јакупоски ја запозна амбасадорката и со автентичното наследство на овој крај, нагласувајќи дека токму мултикултурализмот и вековните традиции се нашиот најголем гордост и потенцијал за меѓународна промоција – нагласи Ибраими. 

На средбата биле  разгледани и прашањата за идните можности за соработка меѓу Општина Маврово и Ростуше и Амбасадата на Кина, пред сè во делот на привлекување странски туристи, културна размена и потенцијални инвестиции во локалната економија. 

Двете страни изразиле силна подготвеност за одржување на континуиран дијалог со цел конкретизирање на иницијативите кои ќе донесат бенефит за целата заедница.

Ad
Ad